2008-08-19 11:17:36

Папата апелира за побрзо откривање-отварање на коридорите во Грузија


Нов силен апел на Папата Бенедикт XVI за мир во Кавказ. Апелот беше пратен пред молитвата Ангелов Поздрав, којшто го изрече Папата од апостолската резиденција Кастел Гандолфо покрај Рим. Светиот Отец ја изрази својата блискост со жртвите на конфликтот и посака што побрзо откривање на коридорите за помош во Грузија. Се заложи и за гарантирање на правата на малцинствата вовлечени во конфликтот. Пред апелот Папата изрази желба да биде искоренет расизмот и да порасне почитувањето-респектот за секој човек. Бенедикт XVI ги покани автомобилистите да бидат внимателни преку летниот период и да ги избегнуваат патните непогоди, а на крајот изрази и жалење поради смртта на епископот од Болцано – Бресаноне, монс. Уилјам Егер, кој почина од инфаркт.


“Испраќам апел за подобрување на тешките услови за бегалците, особено на жените и децата, коишто се лишени и од најнеобходното за преживување. Се залагам за што побрзо отварање на хуманитарните коридори меѓу регионот на Јужна Осетија и останатиот дел на Грузија, за да можат на тој начин мртвите да имаат достојно погребение, ранетите да ги добијат неопходните грижи и да биде дозволено на разделените да се сретнат со своите најблиски. Исто така, да бидат гарантирани и правата на етничките малцинства, вовлечени во конфликтот, како и постоечките основни права, коишто не можат да бидат погазени од никаква причина”.


Папата ја повикува меѓународната заедница “да ги продолжат напорите за постигнување на трајно решение за конфликтот, преку диалог и добра волја од сите”. Пред да го упати апелот за Грузија, Папата се повикува на литургичното читање на денот и потврдува дека Зборот Божји ни “дава можност за размислување за универзалноста на мисијата на Црквата, конституирана од народи од секоја раса и култура”:


“Токму од овде произлегува големата одговорност на црковната заедница, повикана да биде гостопримлива за сите, сигнал и инструмент на заедништвото за цела човечка фамилија”.

 
Свесност, продолжи Папата, дека секоја христијанска заедница треба на крајот да го продлабочи помагањето, исто така, и на цивилната заедница “за да се совлада секој обид за расизам, за неподносливост, исклучување и на организирањето со брзи избори за достоинството на секој човек”. “ Едно од големите придобивки за човештвото – кажа Папата – е токму надвладувањето на расизмот”.


“За жал, меѓутоа, во некои земји се забележуваат нови загрижувачки манифестации, поврзани, често, со политицките и економските проблеми, коишто, сепак, никогаш не можат да го оправдат понижувањето и расната дискриминација. Се молиме за да порасне насекаде почитувањето за секоја човечка личност, заедно со одговорната свесност дека само во меѓусебното прифаќање на сите е можно конструирањето на свет карактеристичен со аутентична правда и вистински мир”.

 
Папата, истотака, обрати внимание и на многуте улични, сообраќајни инциденти, коишто се зголемени во летниот период. “Не треба да се прилагодиме на оваа жалосна реалност”, гласеше повикот на Папата, кој додаде: човечкиот живот е едно “скапоцено добро” и не е својствено за човекот да умре или да постане инвалид баш од причини, кои во најголем број случаи, можат да се избегнат”:


“Секако потребен е поголем степен на одговорност. Пред се од страна на автомобилистите, бидејќи инцидентите, често, се плод на преголема брзина и неразумни однесувања. Возење на еден автомобил по улиците бара со себе морална и цивилна свест”.
“Промовирањето на оваа цивилна свест, предупреди “е незамислива без постојаното дело на превенција, внимавање и репресија од страна на постојаните авторитети”. Како Црква, беше неговото размислување, “се сметаме себе директно инволвирани врз основа на етичка база: христијаните пред се треба да прават испит на совеста за сопственото сваќање на автомобилистите”. Со прегратка, Папата, потоа се присети со голема почит на личноста на бискупот од Болзано-Бресаноне, монс. Вилхелм Егер, починат вчера неочекувано од инфаркт. Монс. Егер му беше домаќин на Папата во својата бискупија, за време на овогодишниот одмор во Бресаноне:


“ Со длабока емоција бев обземен поради ненадејната смрт на неговата екселенца монс. Вилхелм Егер, бискуп на Болцано-Бресаноне. Го оставив пред неколку денови, во добро здравје, ништо не навестуваше за ваквото негово брзо исчезнување. Им се приклучувам на неговите најблиски и на целата бискупија во која беше почитуван и сакан поради неговата посветеност и работа”.

 
Папата го дефинираше монс. Егер “добар и верен слуга” господов и испрати еден специјален Апостолски Благослов “ до религиозниот брат капицин, на останатите блиски и на сите свештеници, религиозни личности и браќа од бискупијата на Болцано-Бресаноне”.








All the contents on this site are copyrighted ©.