2008-08-12 11:36:26

По 60 години во Пекинг отслужена Света Литургиjа од еден свештеник странец


Овие денови, во Кина, карактеристични по несекојдневниот настан, Олимписките игри, Пекинг е центар и на уште еден значаен настан: на тројца свештеници, странци им беше дозволено да служат литургија на странски јазик. Дон Карло Д’Импорцано во недела 27. јули ја предводеше Светата Литургија на италијански и на шпански јазик. Другите двајца свештеници ќе служат на германски, француски и корејски. Тоа ќе биде така – потврдува Осерваторе Романо – се до 20. септември, се до крајот на Параолимпијадата, игрите за инвалидните лица, коишто ќе се одржат по Олимпијадата. По 60 години – објаснува отец Карло Д’Импорцано во едно интервју дадено за sussidiario.net – еден странски свештеник може да служи Света Литургија во најцентралната црква во Пекинг, на само 800 метри од плоштадот Тиенамен и на околу еден километар од претседателската палата.”За нас – објаснува – ни изгледа дека е еден факт со релативна важност, но за кинескиот менталитет претставува еден несекојдневен факт”. “Исто така, бидејќи – објаснува свештеникот – Пекинг отсекогаш беше град на императорот, кадешто живееја отсекогаш само неговите најверни, дворјаните и забавувачите”. За да ги објасни факторите што доведоа до оваа отвореност, дон Карло Д’Импорцано зборува на прво место за поверение: “Благодарение на односите развиени во последниве десетина години – забележува свештеникот – се креираше една клима на взаемно поверение поради што можат да се ризикуваат гестови во други незамисливи периоди”. Се дава кредит на Црквата – додава – и на нејзините претставници за скањето на еден искрен, конструктивен и позитивен однос”. Вториот фактор-збор е соработката: “Се признава дека секој во сопственото поле на делување и во почитувањето на сопствениот идентитет и автономија, го бара заедничкото добро”. Се има една јасна свест – заклучува отец Карло Д’Импорцано – дека сме на едно изгревање на една нова ера: какошто една мала клопка претходи на излегувањето на пупката така се гледа еден нов историски момент а Црквата е новиот фелис на светот”.








All the contents on this site are copyrighted ©.