2008-08-11 17:51:51

Апел на Бенедикт ХVІ за неизбежен прекин на огнот во Грузиjа и Jужна Осетиjа во името на христиjансокто наследство и мегународната помош за да се избегне понатамошното ширенье на конфликтот


Ова утро за време на молитвата Ангелов Поздрав, која што се одржа во Бресаноне, Папата Бенедикт XVI испрати апел за прекин на војната во Кавказ и повика на меѓународна помош за отпочнување на преговори. Папата потсети и на “заедничкото христијанско наследство” на инволвираните страни во конфликтот и повика на заедничка молитва со “браќата православни”:

“Се подраматичните вести за трагичните настани во Грузија, предизвикаа многубројни жртви и принудија голем број на цивили да го напуштат сопствениот дом, сето тоа започна од регионот на Јужна Осетија со повод за голем неспокој – кажа Папата. Посакувам неизбежен прекин на огнените дејствија и воздржување од нови конфликти и насилни репресии, истотака, и на заедничкото христијанско наследство, коишто можат да предизвикаат уште поголем конфликт. Во исто време – дополни Папата – треба решително да биде отворен патот за преговорите и конструктивниот диалог, за да, на тој начин, се избегнат понатамошните страдања на населението. Освен тоа – дададе Папата – ја повикувам меѓународната заедница и повлијателните држави да вложат сили во настојувањата за подршка на иницијативите за постигнување на мир и трајно решение во името на отвореното и почитувачкото сожителство. Заедно со нашите православни браќа – заврши Папата – да се молиме засилено со овие намери, коишто ги доверуваме на Светата Дева Марија, Исусовата Мајка и Мајката на сите христијани”.

 
Пред да ја измоли молитвата на Мајка Божја, Папата го спомна Светскиот ден на младите во Австралија, одржан во текот на месец јули во Сиднеј, на којшто младите покажаа дека се “знак на автентичната радост” без да причинат безредија и нанесат штети, преку нивното многубројно присуство. Папата ги повика младите да ја подоткријат “обновената радост” да бидат заедно со Бог:

“ За да бидат радосни тие немаа потреба од никакви насилни дејствија, алкохол и наркотични средства – кажа Папата. Тие се радуваа да се сретнат и да откријат заедно еден нов свет. Како да не направам споредба со нивните врсници, коишто во потрагата по лажно богатство во однесувањата, конзумираат деградирачки опит, којшто, често, преминува во несакани трагедии. Тоа е типичниот плод на актуелното “општество на задоволството” коешто за да ја исполни внатрешната празнина и лошите искуства, поттикнува на барање на нови, поемотивни и екстремни задоволувања. Во тоа се крие опасноста одморот да се претвори во потрага по излишени-привидни задоволувања. На овој начин духот не се одмара, срцето не чувствува радост и задоволство, напротив, повеќе се заморува и станува потешко од пред тоа”.

 
Своето внимание за младите Папата го објасни со тоа “што тие се жедни за нова проба, којашто крие во себе, истотака, и опасности”.

“Има нешто заедничко, што важи за сите, заклучи Папата: “човечката личност се оформува вистински само со стремење кон Бога, Којшто може да се сретне слушајќи го неговиот внатрешен глас во тишината”.

 
Со оваа јавна изјава заврши летниот одмор на Папата во Бресаноне, којшто од 11.август ќе го продолжи летниот период во апостолската резиденција, Кастел Гандолфо, во Рим. Вчера Папата се поздрави со почетното граѓанство на Бресаноне, кадешто Папата има прибивано и пред десет години. Папата им се заблагодари на сите што го подготвиа неговиот престој, вклучувајќи ги и новинарите, и притоа им посака на сите успешна работа, уверувајќи ги за своите молитви за нивните семејства и блиски.










All the contents on this site are copyrighted ©.