2008-07-24 15:43:36

Во Украина православните и католиците се подготвуваат да прослават 1020 години христиjанска вера


Католиците и православните се подготвуваат со различни иницијативи за прославата на 1020 год. христијанска Украина. Пристигнувањето на христијанската вера во таа земја датира од 988 год. кога мисионерите од Цариградската Црквапристигнуваат и започнуваат со Крштевање на територијата на денешна Украина. Со официјална нота, месната епископска Конференција го искажува значењето на овие историски факти, со кои се бележи за словенските народи векови на христијанство и се докажува, дека по тие земји верата успеала да ги обедини во едно вистинско семејство Истокот и Западот, така, христијанската вера е обединителна врска за различните народи, а во исто време, за целиот Европски континент. “Негуваме големи надежи” – потврдуваат епископите од Украина – дека тие вековни врски ќе изродат нови проспективи за взаемно братско почитување и христијанство единство, кои го немаат прекинато развивањето се до денешен ден”. Како што потврдува новинската агенција SIR, украинските црковни великодостоинственици имаат надеж, дека овој јубилеј ќе даде можност за возобновување и обновување на општото христијанско наследство, коешто, со новите услови ке биде во можност да ја расветли темнината на мрачните, минати времиња и забрани. Славењата на тој настан ќе започнат во Украина на 27 овој месец со божествени литургии во католичките цркви, кога ке бидат, истотака, обновени и потврдени крштелните завети.








All the contents on this site are copyrighted ©.