2008-07-15 11:09:01

Отворена во Турциja Павловата Година: интервjу со монс. Падовезе


Католичката Црква во Турција, утрово, ја отвори Павловата Година со екуменска свеченост предводена од кардиналот Валтер Каспер, претседател на Папскиот Совет за промоција на единството помеѓу христијаните. На свеченоста, којашто беше во Тарс, во црквата-музеј посветена на св. Павле, присуствуваа бискупите од Турција, а истотака и претставници на раѕлични христијански вероисповеди. За екуменското значење на Павловата Година даде интервју монс. Луиџи Падовезе, претседател на Турската бискупска Конференција:


Р. – Екуменското значење е јасно: Павле е апостол на сите христијани, значи, природно е да биде чевствуван, иако, евидентно е дека иницијативата е на Светиот Отец, знаци од Католичката Црква. Што се однесува до помеѓурелигискиот карактер, треба да се потенцираат добро сите човечки вредности присутни во учењето на св. Павле, коишто се отворени и важат за било кој човек со добра волја.


Д. – Ова е можност да се потенцира и посебната ситуација на католиците во Турција. Монс. Падовезе, ова, сигурно, ќе биде година во која многумина ќе дојдат на поклонување во Турција за да ги поминат истите патишта со св. Павле. Што би сакале да им порачате на тие што ке дојдат?


Р. – Би и порачал да дојдат како поклоненици а не како туристи, што знаци со дух што сака да има и едно верско искуство во контактот со оваа земја, богата со сеќавања. Ова, по мене, е еден многу важен и многу рилевантен аспект. Бидејќи така се дава едно сведоштво дека и во христијанскиот свет постои верата, дека постои некој што ги поддржува верските вредности во контрадикторното мислење кое денеска постои дека христијанството и западот се една иста работа: расипан запад и расипано христијанство. Треба да се покаже дека не е така.


Д. – Ова е посебна свечена прилика за вашата заедница во Турција, оваа Павлова Година. Какви плодови очекувате монс. Падовезе?


Р. – Плодовите за нашата заедница во Турција би биле: постанувањето свесни за сопствениот христијански идентитет во контактот со многумина пријатели во верата, кои доаѓаат овде со дух спремен да го почитува Св. Павле. Верувам дека од поклонениците можеме и требаме да го очекуваме тоа сведоштво, кое ќе ни даде сила за внатрешните потешкотии со коишто се соочуваме.


Д. – Кои би биле тие потешкотии?


Р. – Проблемот е секогаш еден: непризнавањето на нашата Црква. Во Турција “не постои” Католичката Црква, “не постојат” енориите, “не постои” Епископска Конференција, од тоа непризнавање произлегуваат многу консеквенци. Значи, проблемот е секогаш поврзан со оваа ненормална ситуација.


Д. – Монс. Падовезе, црквата на Св. Павле во Тарс, кадешто се отвара оваа Павлова Година во Турција, моментално, е државен музеј, нели?


Р. – Инсистираме на тоа да биде дадено правото на христијаните овде да имаат едно место за поклон во Тарс не само за поклонениците што треба да дојдат оваа Павлова Година, туку и за понатаму. Значи, е една потреба барана постојано не само од турската Бискупска Конференција туку и од страна на Светата Столица, истотака и од страна на германската влада и од страна на германската Бискупска Конференција, водена во ова од страна на кардинал Меиснер од Келн.
 







All the contents on this site are copyrighted ©.